среда, 25 ноември 2026
Најново

Мрсната и слатката храна се штетни за мозокот

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Од сите органи, мозокот најлесно може да се оштети од нездрава исхрана, смета Лиза Москони, доцент по неврологија и радиологија на американскиот Универзитет Корнел во Њујорк.
– Храната богата со заситени животински масти го зголемува ризикот од срцеви болести и мозочни проблеми. Кога јадеме масна или слатка храна, се случуваат симптоми на летаргија, поспаност и губење на помнењето, истакна таа на скорешиот Медицински форум.
Според неа, таквата храна може да доведе до губење на функционалните и структурните елементи во мозокот и да го направи поранлив на стареење и деменција.
За да го спречите несаканото влијание, д-р Москони препорачува да се јаде храна богата со антиоксиданси, како што се витамините Ц и Е, бета-каротен, омега-3 масни киселини и антиинфламаторни Б-витамини.

Поврзани вести