Жителите на Дубровник во петокот пронашле тело на 28-годишна девојка како плови во морето крај хотелот “Палас“. Екипата на Итната помош, за жал можела само да констатира смрт, а безживотното тело на девојката надлежните го пренеле на одделението за патологија.
Полицијата добила дојава за телото на девојката во петокот во 10 часот. Како што известуваат тамошните медиуми девојката е од Дубровник, а на нејзиното тело нема знаци на насилна смрт. Заради тоа нема основа за покренување постапка, потврдила портпаролката на полицијата.