Мртов пронајден парискиот адвокат на Абрамович

Познатиот француски адвоакат Оливие Мецнер, чиј клент меѓу другите познати личност беше и познатиот руски бизнисмен Роман Абрамович, е пронајден мртов во неделата во близина на неговиот дом во Франција, јави британскиот радиодифузер BBC.Телото на 63-годишниот адвокат било пронајдено во водите на заливот Морбиан, недалеку од острвот во близина на Бретања. Се наведува и дека Оливие Мецнер оставил проштално писмо. Полицијата верува дека адвокатот извршил самоубиство.Како што пренесува BBC, Мецнер припаѓал на групата адвокати кои во последните неколку децени се занимавал со најскандалозните дела кои со години го привлекуваа вниманието на јавноста и медиумите. Пред неколку години, овој адвокат ги застапуваше интересите на Роман Абрамович, кога француската полицијата истражуваше како рускиот милијардер ги стекнал скапите недвижности на францускиот азурен брег.Исто така, меѓу клиентите на Мецнер беа и поранешниот премиер на Франција, Доминик де Вилпен, поранешниот трејдер на француската банка „Societe Generale“, Жером Кервел и неколку други познати личности и високи државни функционери.Адвокатската кариера на Мецнер започнала во 1975 година. „Тој беше еден од најголемите адвокати, кој знаеше како судскиот процес да го направи орудие на правосудството“, изјави челникот на адвокатската комора на Париз, Кристиан Ферал Шул.
МакфаксПознатиот француски адвоакат Оливие Мецнер, чиј клент меѓу другите познати личност беше и познатиот руски бизнис

Пронајдете не на следниве мрежи: