Министерството за труд и социјална политика ги информираше сите државни и приватни градинки, дека Министерството за здравство прогласи епидемија на мали сипаници (морбили) во Скопје, согласно Законот за заштита на населението од заразни болести. Истовремено МТСП им укажа на градинките дека е на сила забрана за примање деца во градинките кои не се васкцинирани од МРП (вакцина за морбили, рубеола и паротит).
Градинките се задолжени да спроведат санитарно-хигиенски и противепидемиски мерки.
-Врз основа на горе наведеното Министерството за труд и социјална политика укажува дека треба да се почитуваат одлуките коишто се донесени од страна на Министерството за здравство. Укажувањата и препораките се во насока превенција и поголема безбедност на децата.
Истовремено ги информираме родителите дека казните за невакцинирање на децата се движат од 350 до 650 евра, е наведено во информацијата.