Мудрите луѓе избегнуваат кавги- ова се трите најчести причини за конфликт

Мудрите луѓе работат на одржување на хармонијата и во секоја прилика ги избегнуваат кавгите.
„А мудроста најпрво е чиста, потоа миротворна, попустлива, послушна, полна со милосрдие и добри плодови, непристрастна, нелицемерна.“ (Бибилијата)
Дали некогаш сте запознале некој што секогаш се расправа и секогаш бара причина за кавга? Ова се најлошите и најнапорните луѓе.
Мудрите луѓе знаат дека не можат да направат ништо во врска со лутењето на другите. Библијата вели и: „На човекот му служи на честа кога останува надвор од кавгите, а секој лудак е кавгаџија.“
Кавгите можете да ги избегнете тогаш кога знаете што води кон кавга. Ова се трите најчести причини за конфликт и кавги:


Споредби
Дали користите изрази како: „Ти си баш како…“ или „Зошто не можеш да бидеш како…“ или „Кога бев на твои години…“
Ако ги користите, тогаш сакате да започнете кавга.
Осудување
Овде се навлегува во обвинувања: „Ти си виновен/на за сѐ“, „Како не ти е срам…“, „Ти секогаш/никогаш…“, итн. Сите овие изрази се многу штетни. Некој некогаш кажал: „Бракот можеш да го закопаш со многу мали дупки.“ Истото може да се примени и да важи за кој било друг човечки однос.
Спротиставување
Вилијам Џејмс еднаш рекол: „Тајната на мудроста е да знаеш преку што да преминеш.“ Треба да научите како да се ослободите од некои работи и лутина, затоа што некои од нив едноставно не се вредни за негативната енергија. Ако сакате да бидете мудри во односите со другите луѓе, едноставно препознајте го моментот кога се обидуваат да ве испровоцираат и завртете им го грбот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.