МУДРОСТА НА КОНФУЧИЈ

НОВО ОД „МАКЕДОНИКА ЛИТЕРА“:

„МУДРОСТА НА КОНФУЧИЈ
Научете да бидете врвен лидер“
од Каспер Ших
Врвна книга за врвно лидерство, заснована на доблестите на конфучијанската мудра мисла.

Оваа поучна книга на едноставен јазик ги објаснува длабоките теории за развој и за управување, засновани на вредностите на „Аналектите“ на Конфучиј, поставувајќи го патот до успехот за секој професионален менаџер и лидер.
Д-р Каспер Ших е еден од најуспешните менаџери во светот и стратег на создавањето на еден од „четирите азиски тигри“ во економијата – Тајван. Toj докажува дека „Аналектите“ на Конфучиј (познати и како „Лун Ји“ – објавени исто така од „Македоника литера“) се бесценет водич за менаџирање со една компанија или за владеење со една земја. „Гледиштата на Конфучиј за принципите на односот надреден – подреден се исклучително мудри и далековидни. Тие може да му помогнат на еден лидер како и на една обична личност да води земја, компанија или дури и домаќинство“, пишува д-р Каспер Ших.
„Аналектите не само што обезбедуваат пат за успешен личен напредок и пробивање на себеси во општеството, туку и се уште поскапоцени за управувањето. Тие се од суштинска важност за водење на една земја или на еден бизнис и се основата за модерната теорија на управувањето. Аналектите ги истакнуваат слободата, демократијата, правдата, чесноста, љубовта и човечноста со особен акцент на филозофијата на искреност и грижа… Конфучиј рекол: `Владеј доблесно и ќе бидеш како ѕвездата Северница. Таа останува на своето место додека сите други ѕвезди (луѓе, вработени) кружат околу неа`. `Ако ги водиш луѓето доблесно и исправно, тие ќе имаат чувство за срам и интегритет (ќе се управуваат себеси без потреба од управители)`. Овие две едноставни реченици поставуваат пример дека еден лидер би требало да ја постигне и да ја разјасни важноста на корпоративната култура – пишува Ших.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.