Музичко-поетска вечер во Филхармонија со Марко Виденовиќ и триото „Мевлем“

Во Камерната сала на Македонската филхармонија, во 20 часот, ќе се одржи вечер посветена на музиката и поезијата од страна на Марко Виденовиќ со триото „Мевлем“. Филхармонијата го претставува „Мевлем“ како оригинална комбинација на музички и поетски елементи, создадена од композиторот и поетот Марко Виденовиќ, кој преку својата работа создава исклучителна уметничка врска помеѓу звуците и зборовите. Овој проект вклучува први изведби на специјално напишани композиции и е од особено значење за промоција на домашното музичко создание, особено осветлувајќи го македонскиот културен идентитет. Музичко-поетскиот проект на Виденовиќ е поддржан од триото „Мевлем“: Памела Велкова на виолина, Верица Ајтовска на виола и Енис Аљи на виолончело. „Мевлем“ изминатата недела се претстави пред публиката во Белград и во Загреб. Настапот во Белград беше хуманитарен, а собраните средства се наменети за оние кои настрадаа од неодамнешниот настан во Кочани. Македонската филхармонија се покажа солидарна со Кочани преку финансиски донации, а концертот под наслов „Без зборови“ беше одржан во чест на загинатите и повредените во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“.
The post Музичко-поетска вечер во Филхармонија со Марко Виденовиќ и триото „Мевлем“ appeared first on 365.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи: