Мукаетов ќе биде претседател на РФМ и во следните четири години. Сите клубови му изразија поддршка

Живко Мукаетов ќе остане претседател на Ракометната Федерација на Македонија и во наредните четири години, откако на една недела пред Изборното собрание, ја доби поддршката од сите 54 ракометни клубови.

Сите ракометни колективи со право на глас писмено изразиле поддршка на Мукаетов, со што тој ќе биде единствен кандидат на Изборното собрание и согласно регулативите кои налагаат дека еден клуб кој има свој делегат на собранието, не може да даде поддршка на двајца претседателски кандидати, ова значи дека Мукаетов нема да има противкандидат и со акламација ќе добие нов четиригодишен мандат.

Живко Мукаетов од март 2013 година е на чело на Ракометната федерација на Македонија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.