Мурињо: „Би сакал да го елиминирам Реал Мадрид од Лигата на шампионите“

Португалскиот стручњак и тренер на Бенфика денес зборуваа за претстојниот плејоф натпревар за влез во осминафиналето на Лигата на шампионите.

Како што е познато, Бенфика ќе игра против Реал Мадрид, поранешниот тим на Мурињо, а „Специјалниот“ зборуваше со суперлативи за поранешниот тим.

„Дадов сè од себе за Реал. Имаше добри и лоши работи, но дадов сè. Чувствувам дека луѓето ме почитуваа поради тоа, и покрај грешките и успесите. Сепак, не сакам да поттикнувам приказни што не постојат“, рече Мурињо.

Сепак, тој јасно нагласи дека би сакал да го елиминира Реал од Лигата на шампионите и рече дека нема ништо во врска со неговото евентуално враќање на „Сантијаго Бернабеу“.

„Реалноста е дека имам уште една година договор со Бенфика, со многу едноставна клаузула за ослободување од двете страни. Нема ништо таму со Мадрид. Би сакал многу да го елиминирам Реал, но и Арбелоа да ја освои лигата и да остане во Мадрид долго време. Тој е одлично момче и го заслужува тоа“, рече португалскиот стручњак.

Пронајдете не на следниве мрежи: