Мурињо го бара Елмас на позајмица од Лајпциг

Турскиот медиум „Фанатик“ пишува дека Фенербахче ќе се обиде да го врати македонскиот репрезентативец Елиф Елмас од Лајпциг во јануари.

Елмас не добива вистинска шанса кај „биковите“, па поради тоа се појави интерес од Фенербахче за потписот на македонскиот фудбалер.

Тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо е заинтересиран за услугите на Елмас, но ќе има конкуренција од калчолигашот Наполи.

Елмас играше за Фенербахче од 2017 до 2019 година, по што пет години го носеше дресот на Наполи пред да се пресели во Лајпциг.

Пронајдете не на следниве мрежи:

©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.