Мурињо: Уште утре би се вратил на работа, но…

Жозе Мурињо е без работа откако доби отказ од Рома, Португалецот нема да брза со одлуката за нов клуб иако сака што е можно побрзо да му се врати на фудбалот.

Во изминатите денови Мурињо се појави на финалето од купот во Египет, на бокс мечот меѓу Џошуа и Нгану, како и на Формула 1, на трката за Големата награда на Саудиска Арабија.

Португалецот беше во центарот на вниманието за новинарите кои го прашуваа за неговата иднина.

„Сакам да работам уште утре ако е можно, но не сакам да донесам погрешна одлука“, рече Мурињо.

„Рома беше одлично искуство, игравме две европски финалиња за две години. Тоа е тешко со клуб кој никогаш претходно не го направил тоа. Сега треба да чекам за вистинската можност“.

„Дали е можно да бидам тренер тука во Саудиска Арабија? Ми се допаѓа атмосферата тука и ќе останам до недела наутро. А за работата, слободен сум до јуни. Се чувствувам празно кога не работам. Но веројатно ќе му се вратам на фудбалот на лето“.


Пронајдете не на следниве мрежи: