МУХАМЕД ЗЕКИРИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН СЕКРЕТАР НА ВЛАДАТА

Потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири е нов генерален секретар на Владата. Зекири на парламентарните избори беше избран за пратеник во Собранието, а пред еден месец си даде оставка од пратеничката функција.
Зекири на функцијата ќе го замени Драги Рашковски кој беше генерален секретар од јуни 2017 година, а оставка си даде пред два месецa.
Владата не денешната седница донесе одлука за избор на фирмите „Акса Догалгас Дагити А. С.“ и „Палмет Енерџи Аноним Ширкети“, двете од Турција, да учествуваат во втората фаза од тендерската постапка за воспоставување јавно-приватно партнерство за финансирање, проектирање, изградба, управување, одржување и развивање на дистрибутивниот систем на природен гас во Македонија.
На денешната седница Владата додели и 120,6 милиони денари за капитални проекти во повеќе општини.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.