Муцунски: Во моментов нема услови за уставни измени

Остануваме со јасна стратешка ориентација во надворешната политика, но исто така цврсто го задржуваме ставот дека во овој момент нема услови за уставни промени. Условите за уставни промени можат да се создадат врз основа на градење меѓусебна доверба, како што често повторуваме, а меѓусебна доверба може да се изгради прво ако постојат институционални гаранции, што верувам дека не е проблем во речиси сите земји-членки, освен во една, изјави денес министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, одговарајќи на прашања од новинари.

„Тука лежи најголемата загриженост, а воедно и очекувањето дека соседна Бугарија, ако очекуваше од нас да го вклучиме бугарското малцинство во нашиот Устав, најмалку што можеше да направи е да ги исполни своите обврски во согласност со јавното меѓународно право, односно тука се повикуваме на Европската конвенција за човекови права“, рече Муцунски во изјава за медиумите пред почетокот на Бизнис форумот на ИТ компании, организиран од Трговската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ и Здружението на информатички компании на Грција (СЕТПЕ).

Во врска со изјавите на претседателот на Советот на ЕУ, Антонио Коста, за време на неговата посета на Скопје, дека единствените заклучоци што можат да се извлечат се дека Македонија мора да го исполни договореното, Муцунски рече дека не слушнал толку јасна изјава и дека ние како земја остануваме посветени на европските реформи.

„Ми е драго што Коста, како највисок претставник на ЕУ, јавно го кажа она што Владата го кажуваше долго време, а тоа е дека во оваа земја има влада која е посветена на европските реформи. Влада која спроведува европски реформи и влада која има јасна стратешка ориентација во областа на надворешната политика, и која ја разби хистеријата што одредени политички структури во оваа земја се обидуваа да ја создадат, а јас не го слушнав тоа и не би навлегувал во прашањето за толкување на изјавата на Коста, но толку експлицитна изјава како што велите имаше, барем не ја слушнав во тој дел. Она што можам да го кажам е дека ние како земја остануваме посветени на европските реформи“, нагласи Муцунски.
The post Муцунски: Во моментов нема услови за уставни измени appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: