Муцунски: Нема договор за прифаќање мигранти, сето ова е апсолутна лага

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, напиша на Фејсбук за да се осврне на жестоките реакции предизвикани од темата за имигрантите.

Тој е убеден дека „владата не водеше и нема да води политика на прифаќање имигранти“.

„Владата е целосно посветена на економскиот развој и подобрувањето на квалитетот на животот на граѓаните. Градиме партнерства што носат конкретни придобивки за секое семејство, секоја општина и земјата како целина. И сакам да бидам многу јасен: оваа влада не водеше и нема да води политика на прифаќање имигранти, во која било форма. Нема договори, нема преговори, нема квоти, нема центри, нема транзитни договори. Таква иницијатива ниту е разгледана, ниту пак постои политичка цел во таа насока. Сето ова е апсолутна лага“, напиша Муцунски на Фејсбук.

Стратешкото партнерство со Обединетото Кралство, вели тој, се заснова на меѓусебно почитување и доверба, како и на соработка во политиката, економијата и безбедноста.

Ова, додава Муцунски, значи вистински иницијативи и проекти што го забрзуваат економскиот развој, создаваат работни места и носат опипливи придобивки за граѓаните – а не сценарија измислени за секојдневни политички потреби. 
The post Муцунски: Нема договор за прифаќање мигранти, сето ова е апсолутна лага appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: