Муцунски: Ништо не сме пуштиле во Софија на амин

  Муцунск во одговор на прашање од пратеникот Реџеп Исмаил за заклучоците од работата на Мешовитата комисија за образовни историски прашања со Бугарија,  рече дека можеби е случајност „координираниот напад кон него од бугарскиот копретседавач со Комисијата Ангел Димитров и пратеникот“.
Пратеникот Исмаил му постави  прашање  на министерот и „По кој основ ги пратил на цензура учебниците за петто и шесто одделение во Бугарија?“, што Муцунски го оквалификувано како „дезинформација и лажна вест“.
– Ништо не е пуштено во Софија на амин. Тоа е дезинформација, лажна вест. Нашите државни институции не пуштиле ништо, ниту учебник, ниту докумет во Софија на т.н амин. Не се случило такво нешто, наведе шефот на дипломатијата.
Точно е, посочи, дека треба да имаме дијалог со сите наши соседи и оти треба да работиме на затворање на сите отворени прашања, но точно е и дека не смееме и немаме право да го правиме тоа по секоја цена и на штета на нашите национални интереси.
Исмаил, во коментар на одговорот од министерот рече дека нема никава координација и оти има поддршка од него а ќе ја обебзеди и од Левица „против ваквите агресивни напади на македонскот јазик и идентитет“ поради што и му предложи државава да се повлече од Комисијата.

Пронајдете не на следниве мрежи: