среда, 25 ноември 2026
Најново

Муцунски оствари телефонски разговор со заменик-државниот секретар на САД Кристофер Ландау: Потврдена блиската соработка меѓу двете земји

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски соопшти дека денеска имал телефонски разговор со заменик-државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Кристофер Ландау.

Во разговорот, како што наведува Муцунски, било потврдено продолжувањето на конструктивната и блиска соработка меѓу двете земји, како и заедничката определба за унапредување на регионалната стабилност, економската соработка и сојузништвото во рамките на НАТО.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Според Муцунски, двајцата размениле мислења за потенцијалот за дополнително зајакнување на економските врски, зголемување на трговската размена и привлекување нови инвестиции.

Тој ја реафирмирал силната посветеност на Македонија кон продлабочување на билатералните односи со САД и кон зајакнување на заедничките напори за безбедност, стабилност и просперитет во регионот.

Поврзани вести