недела, 15 ноември 2026
Најново

Муцунски: Сакам Радев да беше искрен во своите намери кога рече дека Македонија треба што поскоро да влезе во ЕУ

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Откако поранешниот бугарски претседател Румен Радев изјави дека сака Македонија што поскоро да ги започне преговорите со ЕУ, но дека условот за уставни измени останува, министерот за надворешни работи на Република Македонија, Тимчо Муцунски, изјави дека земјата лобира кај сите земји-членки на ЕУ за што поскоро започнување на преговорите, како и кај Бугарија.

„Лобираме за рационалност и свест дека е во интерес на соседна Бугарија нашата земја да започне преговори што е можно поскоро. Исто така, посакувам поранешниот претседател Радев да биде искрен во тие намери и изјави.“

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

„Секако, тој е еден од кандидатите за премиер и доколку стане премиер на соседната земја, ќе биде еден од оние луѓе со кои ќе мора да соработуваме и да работиме на наоѓање решенија“, рече Муцунски.

Поранешниот бугарски претседател Румен Радев изјави за „Берлинер Цајтунг“ дека според европскиот консензус од јули 2022 година, Македонија мора да го измени својот Устав и Бугарите да бидат рамноправни со другите народи во Преамбулата, и само тогаш можат да започнат преговорите за членство во ЕУ.

Поврзани вести