Мушараф во куќен притвор

 Поранешниот претседател на Пакистан, Первез Мушарав, во петокот, со судска одлука на најмалку два дена е сместен во куќен притвор во исламабад.Мушараф кој беше претседател на пакистан во периодот од 1998 до 2008 година, претходно бил уапсен и спроведен во судот за да му бидат претставени обвиненијата за наводно велепредавство додека бил прв човек на државата.Случајот е поврзан со воведувањето на вонредната состојба во земјата во 2007 година и контроверзната одлука на Мушараф да го отпушти претседателот на Врховниот суд Мохамед Шаудри и уште двајца негови колеги.Мушараф минатиот месец се врати во Пакистан по четиригодишниот самонаметнат егзил, како би учествувал на парламентарните избори кои се одржаа на 11. мај, тврдејќи дека сака да ја спаси земјата од хроничната несигурност и од економската криза.На Мушараф сепак не му беше дозволено да учествува на изборите, тој сега се соочува со обвинувања за злоупотреба на власта.
Макфакс Поранешниот претседател на Пакистан, Первез Мушарав, во петокот, со судска одлука на најмалку два дена е сместен

Пронајдете не на следниве мрежи: