Најпрвин го поздравуваме потегот што Христијан Мицкоски, реши да го прекине молкот и неговото исчезнување и криење од јавноста.
Додека “шпицниот” кандидат вчера го мачела дилемата дали да ја гледа синоќешната собраниска седница со пуканки или со чипс пред телевизор, членството на ВМРО-ДПМНЕ не може да се смири додека не најде одговор на прашањето “како можеше да се испушти ваква шанса”.
Одговорот е јасен. Човек што нема храброст да заземе став по ниедно прашање, човек што се крие на денот на избори и не им се заблагодарува на оние кои трчале за него, нема капацитет да го води ВМРО ДПМНЕ.
Мицкоски пред изборите тврдеше дека според навигацијата што ја имал и релевантните анкети, ВМРО-ДПМНЕ има огромна предност пред СДСМ. На изборите се виде дека или лажел, или немал харизма за да ја материјализира таа предност или едноставно се договорил и му ја подарил победата на Зоран Заев.
Што и да е, подеднакво е лошо и недозволиво за лидер на ВМРО-ДПМНЕ.
Затоа одговорност и вонреден конгрес мора да има. Најпосакувано сценарио на Зоран Заев е Мицкоски да продолжи да ја води партијата во нови порази и после секој пораз да прогласува победи и да наоѓа оправдувања за пропустите.
Тоа не е опција ни за членството, ни за Македонија. Потребно е силно и обединето ВМРО-ДПМНЕ, кое ќе биде сериозна алтернатива и ќе го совлада Заев.