Му се суди за тероризам на синот на Жан Митрев
Во ноември минатата година германската полиција уапси три лица на возраст од 24, 22 и 21 година. Двајца од групата се од Турција додека Филан е од Македонија. Тој е син на Жан Митрев од првиот брак. Германскиот медиум Франкфуртер Рундшау го следи судењето кое неодамна започна.
Обвинителството од Франкфурт, ги товари Филан Митрев и двајца турски државјани за напад со домашно направени бомби, за кои веќе имале набавено експлозив. Нападот требало да биде изведен како поддршка на ИСИС. И да се направеле што е можно повеќе цивилни жртви.
Филан Митрев е обвинет за сериозен чин на насилство што ја загрозува државата, за кршење на Законот за воено оружје и за напад. Тој сега има 25-години и е обвинет исто така и за подготовка на самоубиствен напад кој планирал да го изврши врз паб во Заксенхаузен.
Пред неколку години Филан ја променил својата вера и преминал во ислам. Сега е опишан како радикален исламист припадник на салафисти-џихадисти.
Митрев, според информациите се обидувал да му помогне на синот. Но тоа не вродило со плод. Помалиот Митрев веќе одлежал затворска казна за друго дело и тоа од две години.
Во меѓувреме станал зависен и од дрога…
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.