Навалете на УЈП распродажба

По евтини цени УЈП распродава возила, компјутери, мотоцикли… На објавениот оглас се продаваат движни и недвижни предмети.
Како што е посочено на веб порталот http://e-aukcii.ujp.gov.mk, можете да ги видите активните аукции, да вршите on-line разгледување и преглед на достапните аукциски производи (движни и недвижни ствари), да се пријавите и учествувате во процесот на надавање и лицитација за стварите кои се предмет на јавна аукција/продажба.
Градежни земјишта, автомобили, станови и деловни објекти се дел од движните и недвижни предмети за кои Управата за јавни приходи објави повик. Впечаток остава што може да најдете телевизори за 11 илјади денари, но и мотоцикли и компјутери, печатари и томографи, како и машини за шиење, кроење и слично.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.