Пак паднавте во севдах од „лидериштето“ клиенти. Ви се поклонил на колена. Бравос. Голема работа е тава. Па сепак јас сметам дека наместо лажно да се поклонува вистински треба да води. Да се бори. Да крене и глава и глас. Што за жал досега не го прави. Не ви чини статусов? Е ако де. Сакате да си се замајувате? Ако де. Ваше право.
Јас сепак не чув БОЈКОТ. Не чув јасна мисла што ќе се прави за да се спаси Македонија. Сакате да ви се поклонува некој од номенклатурата што ве гази со години? Тогаш имате проблем, се вика компензација на комплекс. Мене не ми треба никој да ми се поклонува туку ми треба јасна мисла, идеја и план како да ја спасиме Македонија. Ми треба доказ дека врхушката не е дел од планот за уништување на Македонија. Досега слабо гледам дека не се дел од планот. Молчеа при донесување на двојазичноста, молчеа или се шеткаа при потпишувањето на ГРЧКИОТ ДОГОВОР. Некој ја промашил кампањата. Симнува мемиња од фејсбук. Му додава, прераскажува мисли на револуционерите, го тера да се ведне и клечи. Промашување. Целосно. Постигнува обратен ефект.
Ќе ти се поклони целиот народ тебе кога ќе види СПАС и САМОЖРТВА. Па тогаш клекни. Вака? Само беден театар. И СЕ РАЗБИРА ПОКРИВАЊЕ НА КАТАСТРОФИТЕ ОД изјавите од ПРЕТХОДНИОТ ДЕН.
Не повикувате на бојкот? Мицковски: НЕ!!
Една од нив е и изјавата дека експлицитно не повикал на бојкот. Се плашам дека тргна по стапките на Заев. Секој ден нова лага, спин, глупост…
Не сум го напаѓал Заев? Грешка сте клиенти. Додека јас го напаѓав Заев и одев по улиците вие го товаравте магарето. Брзавте. Затоа што знаевте дека партијата паѓа. А истото го криевте од членството. Да, да. Она членство што го теравте да оди по улици против ТИРАНСКАТА ПЛАТФОРМА. Она членство што по 27 април го оставивте само…
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.