Навивачи на ПСЖ им го нарушија ноќниот одмор на фудбалерите на Барселона



Уште една доза на тензија се создаде околу четвртфиналната пресметка меѓу Барселона и ПСЖ во Лигата на шампионите, откако ноќеска хотелот на Каталонците во француската престолнина беше изложен на „напад“ од група навивачи на ПСЖ.

Инцидентот се случи околу четири часот кога десетици поддржувачи на ПСЖ употребија пиротехнички средства и бомби за да ги разбудат фудбалерите на шпанскиот гигант. Ова не предизвика дополнителни проблеми, туку само создаде моментална тензија и го прекина сонот на гостите на хотелот.

Ова е традиционален трик во последниве години на домашните навивачи пред големите натпревари.

За играчите на Барселона, ова „тактика“ не е непозната.

Слична ситуација доживеаја во Неапол пред првото осминафинале во Лигата на шампионите годинава против Наполи.

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: