Навивачи од Македонија дел од масовна тепачка во Дортмунд

Група македонски фудбалски фанови, кои во средата вечерта пристигнале во Германија на аеродромот во Дортмунд како гости на фановите на Шалке, биле инволиварини во масовна тепачка со фановите на локалната Борусија.Навивачите на скопски Вардар, со години се во пријателски односи со навивачите на клубот од Гелзенкирхен.Викендов во германската Бундеслига се игра локалното дерби меѓу Шалке и Борусија Дортмунд во Гелзенкирхен, па се претпоставува дека македонските фанови пристигнале да му дадат поддршка на Шалке во големото дерби.Ривалитетот меѓу двата клуба и двете навивачки групи е огромен, а неретко се случуваат инциденти пред, за време и по натпреварите.Според информации на полицијата, групата македонски навивачи била пречекана од своите домаќини на аеродромот Дормунд-Викеде нешто по 21 часот.Веднаш по излегувањето од аеродромската зграда, навивачката група на Шалке се соочила со ривалска група на навивачи на Борусија Дортмунд. Дошло до жестоки судири и масовна тепачка во која учествувале околу 120 навивачи од двете страни, пренесе Дојче Веле.Хулиганите фрлале и со камења, а малубројната аеродромска полиција не можела да го спречи инцидентот. По интервенција на полициски сили од градот Дортмунд, кои употребиле и солзавец, состојбата се смирила.Од полицијата во Дортмунд утрово за ДВ изјавија дека во инцидентот немало повредени, ниту уапсени, но според билтенот предизвикана е материјална штета врз неколку возила на паркингот на аеродромот во Дортмунд.Меѓу вмешаните во инцидентот, најголемиот дел биле од Македонија и од Гелзенкирхен.
МакфаксГрупа македонски фудбалски фанови, кои во средата вечерта пристигнале во Германија на аеродромот во Дортмунд как

Пронајдете не на следниве мрежи: