Навреди за кралицата: На нејзиниот роденден Меган Маркл повторно направи прекршок

Меган Маркл веќе некое време е официјален член на британскиот кралски дом, но и покрај тоа е склона да ризикува и да отстапи од правилата.
Имено, кралицата Елизабета вчера го прослави својот 92 роденден, а на традиционалната славеничка поворка прв пат се придружи и новопечената војвотка од Сасекс, сопругата на принцот Хари.

И додека кралицата Елизабета, Камила Паркер Боулс и Кејт Мидлтон на себе имаа фустани со сини тонови и долги ракави, како што наложува протоколот, Меган Маркл се одлучи за нешто поразлична комбинација.
За разлика од другите дами, војвотката од Сасекс на себе имаше фустан кој ги открива рамената. Меган Маркл со тоа уште еднаш го прекрши протоколот на кралското семејство, според кој рамената на британските членови на кралското семејство секогаш мора да бидат покриени.


Фустанот кој Меган го носеше е дело на креаторката Каролина Херера, кој судејќи според коментарите на социјалните мрежи им се допадна на многумина.
Единствено не е познато дали кралицата Елизабета имала коментар на „недозволениот“ изгледа на младата војвотка.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.