Џудо федерацијата на Македонија на јапонската амбасадорка Нејзината Екселенција Кеико Ханеда и додели Награда почесен црн појас 1 дан. Признанието се доделува за 4 годишната посветеност на амбасадорката за развивање и ангажираност на џудо спортот во Македонија.
Во име на федерацијата плакетата и црниот појас со посвета ја предадоа делегација предводенаодпретседателот Владимир Трпаноски и потпретседателот Горан Антевски.
Амбасадорката Кеико Ханеда изрази голема благодарност за признанието и се заложи во иднина, како почесен член на џудото во Македонија да продолжи со активностите за соработка на џудо спортистите од Македонија и Јапонија. Амбасадорката истакна дека во изминатите години во нејзиниот ангажман секогаш го подржувала секој спорт кој ќе го развива духот и здравјето на секој граѓанин. Исто така изрази огромно задоволство за можниот настап на македонските џудисти на претстојните Олимписки игри во Токио и можноста за негово омасовување и развој во наредниот период.
Развивањето и популаризацијата на џудо спортот еисто такаголем приоритет и за џудо федерацијата, која во претходниот период го стабилизира своето и работењето на џудо клубовите. Преку активностите за константен напредок и помош на клубовите, во наредниот период цел е да се задржи и зголеми бројот на џудоки. Потребно е во иднина да се доближи овој благороден спорт до секое дете, преку негово изучување и тренинг во училиштата. Заложба е и на Меѓународната џудо федерација да се подигне ворамките кои ги заслужува овој спорт преку финансиска поддршка во најмалку 10 училишта во Македонија.
Јапонската амбасада и во наредниот период ќе продолжи со помош и развој на овој благороден спорт преку материјална поддршка во опрема и можност за обука на џудоки во Јапонија. Исто така беше разговарано за следните активности на започнатиот проект за донација на спортска опрема од страна на Јапонија за Џудо федерацијата на Р.С. Македонија.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.