Наградна игра „Мој ДДВ, моја награда“

На предлог на Министерството за финансии, со цел понатамошно зајакнување на фискалната дисциплина и подигањето на свеста на граѓаните за задолжително барање и земање на фискални сметки, на завчерашната седница на Владата е усвоена информацијата за организирање наградна игра „Мој ДДВ, моја награда“.
Мерката, како што соопшти владината прес – служба, ќе генерира дополнителни приходи за граѓаните, а ќе ја спроведува Државната лотарија на Република Северна Македонија, како овластено трговско друштво во целосна сопственост на државата, во соработка со Министерството за финансии и Управата за јавни приходи.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.