Надал и Шарапова победија во Индијан Велс

Рафаел Надал, го освои првиот голем трофеј по враќањето на тениските терени, откако поради повреда на коленото паузираше повеќе од седум месеци.Шпанецот, во финалето на Мастерс турнирот во Индијан Велс, по 150 минути игра го совлада Хуан Мартин дел Потро со 2:1 (4:6, 6:3, 6:4).Надал, во Индијан Велс го освои 53-от турнир во кариерата, воедно тој ја освои рекордната 22-ра титула на турнирите од Мастерс серијата (Федерер има 21 титула).Рафа во Индијан Велс ја освои третата титула, откако претходно победуваше во 2007 и 2009 година.По освојувањето на титулата Надал изјавил дека нема да настапи на Мастерсот во Мајами.„Жалам што нема да играм во Мајами, но мислам дека ми е потребен одмор. Не очекував дека во изминатиот месец ќе одиграм толку мечеви, лекарот ми рече дека треба малку да одморам.“Покрај Надал во Мајми нема да играат Федерер, Фиш, Монфилс, Вавринка, Гулбис.Во женска конкуренција титулата ја освои Марија Шарапова која во финалето ја декласира Каролин Вознијаки. Шарапова победи во два сета 6:2, 6:2 и ја освои 28-та титула во кариерата.
МакфаксРафаел Надал, го освои првиот голем трофеј по враќањето на тениските терени, откако поради повреда на коленото п

Пронајдете не на следниве мрежи: