Надал попушти пред притисокот и му ја честита круната на Ѓоковиќ!

По речиси 24-часовно молчење, период во кој беше критикуван за својот молк, Рафаел Надал утринава конечно испрати официјална честитка до својот голем ривал Новак Ѓоковиќ на триумфот на „Австралија опен“ со што се изедначи со него на врвот на вечната листа најдобри на најголемите турнири.

Двајцата сега имаат по 22 пехари на гренслемовите, два повеќе од Роже Федерер, што значи дека битката за тоа кој ќе биде најтрофеен на сите времиња ќе трае и до крајот на оваа година.

„Неверојатно остварување Ноле. Честитки за тебе и за твојот тим. Заслужи и сега уживај“, напиша Надал.

Ѓоковиќ до десеттата титула во Мелбурн дојде со доминантна игра во големото финале против Стефанос Циципас и победа во само три сета.

Пронајдете не на следниве мрежи: