Надал пред финалето на Австралија Опен: „Ако Ѓоковиќ го освои Алкараз, јас ќе бидам…“

Сите очи на светската јавност се насочени кон Мелбурн! Додека тенискиот свет се подготвува за епското финале на Австралија Опен помеѓу Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз , „кралот на земјена подлога“ – Рафаел Надал – неочекувано се најде во центарот на вниманието.

Двократниот шампион на првиот Гренд слем во сезоната се врати на местото на успехот по повод „Ноќта на легендите“, но новинарите ги интересираше само едно: за кого ќе навиваат во недела?

Надал, кој самиот беше дел од најголемите битки во историјата на овој спорт, не го криеше своето восхитување од својот најголем ривал, Новак Ѓоковиќ.

– Ако Новак победи, ќе бидам среќен за него. Она што го прави во оваа фаза од кариерата е спектакуларно. Тој покажува огромна страст за спортот – искрен беше Рафа.

Сепак, срцето преовлада кога стануваше збор за конечниот исход.

– Сепак, ако треба да поддржам некого, ќе го поддржам Карлос – призна Надал, јасно ставајќи до знаење дека патриотската врска со младиот Алкараз е сè уште посилна.

Adding Rafael Nadal to the list of people excited for the Alcaraz vs Djokovic final pic.twitter.com/KH2CrjqRTa— #AusOpen (@AustralianOpen) February 1, 2026
The post Надал пред финалето на Австралија Опен: „Ако Ѓоковиќ го освои Алкараз, јас ќе бидам…“ appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: