сабота, 28 ноември 2026
Најново

Погледнете ја реакцијата на Надал кога Ѓоковиќ го доби првиот сет против Алкараз: Камерата го фати Рафа на трибините

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Како што претходно беше најавено, најдобриот шпански тенисер Рафаел Надал дојде до финалето на Австралија Опен и го гледаше во живо натпреварот помеѓу Новак Ѓоковиќ и сонародникот Карлос Алкараз!

Надал, двократен победник на АО, го гледаше спектаклот на теренот од првиот ред, а во еден момент на снимката се гледа како реагира на победата на Ѓоковиќ во првиот сет.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Србинот го доби првиот сет со резултат од 6:2, со два брејка, по што Надал аплаудираше за одличната игра на Новак.

Инаку, Рафа зборуваше и пред финалето, и во таа прилика рече:

– Ако Новак победи, ќе бидам среќен за него. Она што го прави во оваа фаза од кариерата е спектакуларно. Тој покажува голема страст за спортот. Сепак, ако треба да навивам некого, ќе го поддржам Карлос – рече Надал.

Погледнете ја реакцијата на Надал на победата на Нолет во првиот сет подолу:

The post Погледнете ја реакцијата на Надал кога Ѓоковиќ го доби првиот сет против Алкараз: Камерата го фати Рафа на трибините appeared first on Во Центар.

Поврзани вести