Еден од највисоките великодостојници во Католичката црква вели дека сексуалните злоставувања на децата може да ја искусат “духовната средба со Бог преку свештеникот“ додека се злоставувани.
Најмоќниот австралиски свештеник, надбискупот на австралискиот град Мелбурн-Денис Харт вели дека католичкта пракса на исповедањето е задоволувачка за решавање на педофилијата во црквата затоа што им помага на свештениците да ја “искористат сопствената вина“ по сексуалното злоставување на децата. На прашањето дали е подготвен да оди во затвор заради непријавување на сексуално злоставување од страна на католичките педофилски свештеници, надбискупот Харт потврди дека попрво е подготвен да оди во затвор отколку да ги пријави своите свештеници. Исто така тој тврдеше дека правото на прикривање на педофили во црква е “апсолутно свет чин од повисок ред.“ Оваа шокантна изјава тој ја даде во одговорот на Австралиската кралска комисија за институционалните одговори на сексуалното злоставување на децата, која тврдела дека не би требало да има “оправдување, заштита ниту привилегии“ за католичките свештеници каи не сакаат да ја предупредат полицијата за злоставувањата во самата црква, пишува “Гардијан“.
Но, надбискупот Харт се спротивстави на таквото размислување и изјави дека сексуалното злоставување е “духовна средба со Бога преку свештеникот“ и дека тие се од “повисок ранг“ и над казненото право.
Новото известување на Комисијата предолжи 85 темелни промени во состав на казненото правосудство и препорача свештениците да се соочуваат со казнени пријави затоа што не и пријавиле на полицијата сериозни злочини како што се сексуалани злоставувања.