Надежите за американско закрепнување ја кренаа цената на нафтата

Цената на нафтата порасна во петокот на светските берзи, поттикнати од надежите за подобри изгледи за побарувачката по силните податоци од американскиот пазар на труд, а дополнителна поддршка им пружи загриженоста за снабдување од Блискиот исток.

На лондонската берза цената на барел сирова нафта беше за 1,07 долари поголема и изнесуваше 110,03. На американската берза со барел се тргуваше по 50 цени повисока цена, од 93,53 долари.Инвеститорите искажаа поголема склоност кон ризичен имот бидејќи добрите податоци од пазарот на труд во САД сугерираат на континуирано закрепнување на најголемата светска економија. Во изминатата недела повторно е намален бројот на Американци кои предале ново барање за исплата на надомест за невработени.„Најновите податоци за вработување не се разликуваат премногу од оние од времето кога Фед го покрена третиот круг на монетарно ублажување“, забележува Хари Чилингуриан од BNP Paribas, додавајќи дека ова наведува на заклучок дека Фед ќе продолжи со програмата како што е и планирано.Цените на нафтата исто така добија поттик откако американскиот претседател Барак Обама во едно интервју изјави дека опцијата на примена на воена сила не е исклучена доколку санкциите и дипломатијата не ги скратат иранските нуклеарни амбиции.Загриженоста дека судирот на Запад и Иран околу контроверзната нуклеарна програма на Техеран би можел да ескалира и да го наруши снабдувањето со нафта ја задржа цената на нафтата над 100 долари за барел во поголемиот дел од 2012 година и во тековната година и покрај слабата побарувачка.
Макфакс
Цената на нафтата порасна во петокот на светските берзи, поттикнати од надежите за подобри изг

Пронајдете не на следниве мрежи: