Над илјада и петстотини граѓани ќе одговараат пред законот бидејќи не го почитувале полицискиот час

Над илјада и петстотини граѓани ќе одговараат пред законот бидејќи не го почитувале полицискиот час

Над илјада и петстотини граѓани ќе одговараат пред законот бидејќи не го почитувале полицискиот час но и решенијата за изолација и самоизолација.

„Од воведувањето на полицискиот час па се до денес вкупно 1.322 лица не ја почитувале мерката. Приведени се вкупно 519 лица, опоменати се 223 лица, а за останатите земени се податоци и ќе следуваат дополнителни мерки. Најголем дел од лицата се на територијата на СВР Скопје. До основното јавно обвинителство до сега поднесени се вкупно 483 кривични пријави и 73 известувања. Констатирани се 10 прекршувања на решенијата за изолација и 157 прекршувања на изјавите за самоизолација а поднесени се 134 кривични пријави до основното јавно обвинителство“, напиша Чулев денеска на социјалната мрежа „Фејсбук“.

Во моментов во дравата има 2.405 лица на кои им се издадени решенија за изолација, 9.793 лица пополниле изјава за самоизолација, а во 25 објекти се сместени 2.099 лица во државен карантин.

Прочитајте уште и:

Радио станици на Пулс24

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.