Над четири милиони заразени со коронавирус во светот, преку 278 илјади луѓе починаа

Над четири милиони заразени со коронавирус во светот, преку 278 илјади луѓе починаа

Бројот на заразени со коронавирус во светот надмина четири милиони, објави веб-страницата Ворлдометерс.

Починаа повеќе од 278 илјади луѓе, а закрепнаа 1.417 милиони луѓе.

Најмногу заразени има во САД 1.3 милиони, каде има и најмногу смртни случаи, повеќе од 79 илјади.

На второ место по бројот на заразени е Шпанија, каде починаа 26.478.

Втора земја во однос на бројот на смртни случаи е Велика Британија со над 31 илјада, а заразени се над 215 илјади луѓе.

Во Италија се заразени 218.268 лица, а починале 30.395 лице.

Повеќе од 26 илјади смртни случаи има Франција, каде што се заразени над 176 илјади луѓе.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.