Над 100.000 заразени во Латинска Америка, покажуваат официјалните статистики

Над 100.000 заразени во Латинска Америка, покажуваат официјалните статистики.

  • Се стравува дека бројките се далеку поголеми.

Бројот на инфекции со коронавирус низ Латинска Америка надмина 100.000, со скоро 5.000 смртни случаи, според извештајот на АФП, заснован на официјалните бројки објавени од одделни земји. Бразил, со население од 210 милиони, има најмногу случаи – 38.654 инфекции и 2.462 смртни случаи – иако експертите веруваат дека бројот на инфекции е далеку поголем, со оглед на релативно малата бројка на тестирања.

Врз основа на официјалните бројки, Латинска Америка како целина во неделата,вчера имала 100.952 случаи, со 4.924 смртни случаи.

Историски пад на цената на нафтата. Во Македонија се планира покачување на цените со нови даноци

Додека Европа и Северна Америка досега го носеа товарот на пандемијата, инфекциите постојано растат низ Латинска Америка, која има далеку послаба здравствена инфраструктура од побогатите држави.

Меѓународниот монетарен фонд во четвртокот издаде сериозно предупредување за далекусежните економски последици за регионот, велејќи дека се соочува со најлоша рецесија откако земјите ги бележат статистичките податоци во 1950-тите.

Случаите со КОРОНАВИРУСОТ во Јапонија пораснаа на над 10.000, болниците се преполни

Новата состојба во регионот доведе до „опаѓање“ на економската активност  за околу 5,2 проценти во 2020 година, рече Алехандро Вернер, директор на западната хемисфера на ММФ.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.