Над 12 часа поголем дел од Тетово нема снабдување со електрична енергија поради искинат подземен кабел. Од утринава се работи на санирање на дефектот, инфомираат од ЕВН Македонија.
-Во неделата околу 18 часот е појавен проблемот со снабдување со електрична енергија. Станува збор за искинат подземен кабел – извод од трафостаница Тетово 1 лоцирана кај спортскиот центар во Тетово. Дефектот е лоциран и од утринава се работи на санирање, информираше Атанас Ковачески, портпарол на ЕВН Македонија.
Повторното приклучување на оваа трафостаница во снабдувачката мрежа ќе зависи од брзината на стигнување до кабелот и негова замена. Потребно е режење на бетонска подлога и ископ на земјата над кабелот.