Според податоците кои ги има од Центарот за јавно здравје-Штип, во домашна изолација со решение на Државниот здравствен и санитарен инспекторат во изолација се ставени над 130 граѓани.
Бочварски рече дека оваа бројка во наредните денови и ќе се зголемува со цел да се изолираат сите контакти на заразените текстилни работнички и да не се шири вирусот. Во изолација се голем дел од вработените во текстилната конфекција, која е затворена, а во изолација е и сопственикот на компанијата.
Ние ова утро стапивме во контакт и со неколку сопстевиници на конфекции, за коишто веќе се прават анализи и списоците со вработени се дадени на епидемиолозите и на нашите институции со цел да ги комуницираат и повикаат и да видат до каде е комуникацијата и каде ќе застане таа комуникација. Точно е утврдено кои се тие компании и со кој превоз се движеле – изјави Бочварски.
Тој најави дека деновиве ќе има тестирање на текстилните работнички и, според Бочварски, поради тоа може да се очекува и да има нови случаи на заразени со корона вирусот.