Над 170 новозаразени со коронавирус

14-ти јуни, односно денешниот ден беше предлогот на Заев за тоа кога треба да има избори во Македонија.
Кога ја даваа оваа изјава во мај, Заев и СДСМ тврдеа дека треба да се искористи периодот на олабавување на мерките и да се одржат предвремените избори.
Но, денешните официјални податоци се шокантни, а можете да замислите што ќе се случеше ако денес навистина, по желба на Заев се одржеа избори.
Според неофицијални информации до кои дојде Нетпрес, денеска се регистрирани над 170 новозаболени од Ковид 19, а над 90 случаи се од Скопје.
Вчерашната статистика беше рекордни 196 нови случаи и осум лица починати.
И покрај овие бројќи, СДСМ и Зоран Заев не се откажуваат од избори на 5 јули.
Вкупната официјална бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата до вчера изнесуваше 3895, бројката на оздравени пациенти е 1705, на починати е 179, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2011.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.