Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 2 183 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК во последното деноноќие, од коишто „реални“ повици биле 61,93%, а 38,07% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 74,50%, кон Итната медицинска помош 21,29%, кон пожарникарите 2,23%, а кон АМСМ 0,25% од реалните повици кон 112 во ЦУК. Инаку, имало 838 повици за итни случаи на 112 за во ЦУК, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици и на тие што се именувани како „неитни повици“. Сите тие биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно поединечно или комбинирано со повеќе субјекти информирање и координирање, за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи (СУК).
Немало пожари на отворено во последното деноноќие, но пожарникарите гаснеле и други пожари во населени места и сите биле изгаснати. Конкретно, немало пожари на отворено, а пожарникарите најмногу гаснеле запалени моторни возила и оџаци, отворале заглавени врати, а паралелно со интервенциите во населени места,реализирале и вежба во битолска гиманазија.
Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Скопје, информира дека пожарникарите од Бригадата за противпожарна заштита (БППЗ) на Град Скопје дека во изминатото деноноќие имале три (3) помали интервеција и тоа за запалена кујна на ул. Пиринска бр.49/1-3, за запален оџак на ул.„Божин Николов“ бр. 46 и за запалено патничко моторно возило на ул. „Димитрие Чуповски“.
РЦУК Охрид, информира дека од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Охрид со 3 пожарникари и 1 ПП возило интервенирале на запалено моторно возило на бул. „Туристичка“.
РЦУК Битола, ја пренесува информацијата од ТППЕ Битола дека од 10.15 до 10.30 часот, со 2 пожарникари и 1 ПП возило реализирале показна вежба во гимназијата „Јоси Броз- Тито“ во Битола. Во период од 13.00 13.35 часот, со 2 пожарникари и 1 ПП возило имале техничка интервенција (отворање на влезна врата) на ул.„Гаврило Радомир“ бр.16. Во период од 18.10 до 18.45 часот, со 5 пожарникари и 1 ПП возило интервенирале на запалено патничко моторно возило на ул.„Леринска“ бр.41. ТППЕ Прилеп во период од 11.55 до 13.15 часот, со 2 пожарникари и 1 ПП возило имале техничка интервенција на испумпување на вода од детска градинка ЈОУДГ „Наша иднина“ во Прилеп.
РЦУК Тетово, ја пренесува информацијата од ТППЕ Гостивар дека од 13.40 до 14.35 часот, со 4 пожарникари и 1 ПП возило интервенирале на запален оџак во нас. „Питарница“.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Сите итни случаи се пријавуваат на 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации. Истовремено, ЦУК информира дека е корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.