Над 2.000 студенти не ги добија своите субвенционирани пари за студентска храна навреме на почетокот на академската година.
Според информациите од платформата за заштита на студентите „Студентарија“ и Министерството за образование и наука (МОН), причината е што некои факултети не ги доставиле навреме списоците на запишани студенти до Министерството, па на многу од нив привремено им е одземено правото на храна.
„Секој месец кога студентите аплицираат за храна, Министерството ги ажурира податоците. Доколку студентот се откаже од студиите или го изгуби статусот, неговото право се одзема“, објаснува Гоше Николов од Службата за студентски прашања.
Според него, проблемот со недоставени или доцнење на списоци се повторува секоја академска година.
„Некои факултети, вклучувајќи ги ФЕИТ, Универзитетот „Мајка Тереза“ и Педагошкиот факултет, не ги испратија студентските списоци навреме на почетокот на академската година. Како резултат на тоа, Министерството им го одзеде правото на оброци на студентите запишани таму. Истото се случува речиси секоја година бидејќи нема доволна координација меѓу факултетите и Министерството“, додава Николов.
Од Министерството за образование и наука велат дека исплатата на субвенциите за студентски оброк се врши според списоците доставени од високообразовните институции и дека Министерството за образование не може да врши плаќања без потврдени и ажурирани податоци. Тие нагласуваат дека „во повеќето случаи, доцнењето се должи на технички причини од страна на факултетите“ и дека исплатите на студентите кои останале без оброк се извршени откако факултетите ги доставиле корегираните списоци.
The post Над 2.000 студенти без пари за студентски оброци, некои факултети не ги испратија навреме списоците до Министерството за образование appeared first on Во Центар.
Пронајдете не на следниве мрежи:



