Македонија беше домаќин на Европското Првенство во Џез Модерен и Класичен Балет кое се одржа во СЦ Јане Сандански од 8-11.09.2022 во организација на танцовите клубови Студио Брејк А Лег и Ит Да Бит од Скопје.
Над 2000 балерини од 23 земји и околу 5000 гости од странство имаа можност да ги презентираат и гледаат врвни кореографии и балерини кои беа пресреќни што конечно можеа да настапат во живо после короната.
Да се организира ваков настан бара многу ангажман и огромен тим бидејки натпреварот се одвиваше во две сали истовремено , додека последниот натпреварувачки ден беше во 3 сали симултано и сѐ функционираше перфектно.
„Овој натпревар е рекорден по број на учесници, речиси двојно од последното европско во Прага, што е показател дека Македонија е популарна дестинација за странците, а ние одлични домаќини“, изјави Трајче Петковски – организатор на европското првенство.
Следни големи танцови манифестации во Македонија ќе бидат Европско Првенство во ХипХоп и Светското Првенство во Латино во 2023та година.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.