Над 2,2 милиони вакцинирани во Србија

Во Србија досега се вакцинирани 2.206.821 лица, a ревакцина примина 876.436 луѓе. По бројот на ревакцинирани на милион жители Србија се наоѓа на првото место во Европа.
Според бројот на дадени дози вакцина на милион жители во светот пред неа се Израел, Сејшелите, Обединетите Арапски Емирати, Чиле, додека Србија на 10 место, а трета во Европа по Велика Британија и Малта.
Во регионот пак, Србија е прва по бројот на вакцинирани на милион жители.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.