четврток, 12 ноември 2026
Најново

Над 272 килограми небезбедна храна уништени пред Велигден

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Повеќе од 272 килограми небезбедна храна се откриени од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство пред Велигденските празници.
Агенцијата за храна и ветеринарство денеска соопшти дека на депонијата Дрисла биле уништени повеќе од 40 тони небезбедни јајца по потекло од соседна Србија.
Изречени се парични казни од над 19 илјади евра.
– Со контролите, кои беа насочени кон сите сегменти од синџирот на храна утврдено е и дека седум од објектите не биле регистрирани како оператори со храна во АХВ. Три оператори немале извршено задолжителни здравствени прегледи за вработените лица и не ги исполнувале барањата во однос на стручната подготовка за ракување со храна, а кај 13 оператори утврдени биле незадоволителни хигиенски и технички услови во објектите за работа, информира АХВ.

Поврзани вести