сабота, 14 ноември 2026
Најново

Над 40 отсто од американските деца мислат дека хот-догот и пилешките прсти растат на дрво

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Нова студија објавена во „Journal of Environmental Psychology“ покажа дека значителен процент од децата од 4 до 7 години во СAД веруваат дека хот-догот, хамбургерот и сланината се прават од растенија.

Тимот психолози кои работеа на истражувањето бараа од децата да категоризираат низа намирници, вклучувајќи кашкавал, помфрит, сланина, пуканки, ракчиња, бадеми и јајца, а одговорите беа „изненадувачки“.

47 отсто од 176-те учесници веруваат дека помфритот потекнува од животни.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Кашкавалот бил идентификуван како растителен од 44 проценти од испитаниците. 41 отсто веруваат дека сланината потекнува од растение, а 40 отсто го кажале истото и за виршлите. Дури и пилешките прсти, кои буквално го имаат зборот „пилешки“ во своето име, беа погрешно класифицирани како растителни од 38 проценти од децата.

Пуканките и бадемите, исто така, најчесто беа погрешно класифицирани (како животински), од повеќе од 30% од децата, пишува тимот во својот извештај.

Покрај тоа што го проценуваше знаењето на децата за потеклото на храната, тимот испитуваше и за кои животни и растенија децата веруваат дека смеат и не смеат да се јадат.

Мнозинството веруваат дека кравите (77 проценти), свињите (73 проценти) и пилешкото (65 проценти) не се јадат. Песокот се сметаше за јадлив за 1 процент од испитаниците.

Поврзани вести