„Осомничените хомосексуалци беа уапсени во градот Екпан, во јужната држава Делта, околу 2 часот по полноќ во понеделникот, на настан на кој двајца се венчаа“, изјави портпаролот на државната полиција Брајт Едафе.
Тој рече дека полицијата во Делта упаднала во хотелот во Екпан, каде што се одржала геј свадбата и првично привеле 200 лица, а по првата истрага, 67 останале во притвор.
„Ние сме во Африка и во Нигерија и не можеме да го копираме западниот свет, бидејќи ја немаме истата култура“, рече Едафе.
Тој повтори дека полицајците во таа земја „не можат да гледаат хомосексуалци како отворено ја изразуваат својата ориентација“.
„Тоа не е нешто што ќе биде дозволено во Нигерија“, рече тој, додавајќи дека осомничениот ќе биде обвинет пред суд на крајот на истрагата.
Апсењата на хомосексуалците се вообичаени во Нигерија, најнаселената африканска земја, каде забраната за истополови бракови предвидува до 10 години затвор за хомосексуалците.
Законот беше донесен во 2013 година и беше осуден на локално и меѓународно ниво, иако е поддржан од многумина во земјата.