недела, 29 ноември 2026
Најново

НАД 80 ВРАБОТЕНИ ЗАТРУЕНИ ОД КУЈНАТА НА РЕК БИТОЛА!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Осумдесет и едно лице, вработени во РЕК Битола, денеска до 15 часот побарале лекарска помош во ЈЗУ Клиничка болница Битола поради стомачни проблеми.

Во изјава за медиумите Хараламбос Сидиропулос, специјалист инфектолог, истакна дека на сите им е укажана лекарска помош и најголем дел се испратени на домашно лекување.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

– Во нашето одделение се јавија 81 лице со стомачни проблеми, повраќање и температура. Сите се со иста клиничка слика и како причина наведоа конзумирање на храна лазањи со сос во кујната на РЕК Битола. Повеќето работници се со лесна клиничка форма, на одредени лица им дадовме инфузија, а едно лице е упатено на Интерно одделение за понатамошна терапија, изјави Сидиропулос.

Здравствените проблеми на вработени во РЕК Битола беа регистрирани денеска, а надлежни институции вршат испитување и анализа на проблемот.

Пред извесно време Инфомакс доби информација за сличен случај, меѓутоа од РЕК Битола тогаш го демантираа настанот, иако вработени се пожалија дека добиле скисната храна од пред три дена.

Поврзани вести