Над 80.000 заразени во светот од коронавирусот, во Германија потврден 17. случај

Во Германија е потврден 17-от случај на новиот коронавирус, а станува збор за човек од покраината Баден-Виртемберг кој бил позитивен по престој во Милано, соопшти германското Министерство за здравство.
Во соопштението објавено синоќа се вели дека 25-годишниот маж, кој најверојатно бил заразен за време на посетата на Италија, контактирал со властите, откако му се појавиле симптоми слични на грип.


– Тој беше позитивен за вирусот Ковид-19 и ќе биде во изолација во болница, се вели во соопштението.
Во Германија досега нема смртен случај од болеста.
Во епидемијата на Ковид-19 досега починале повеќе од 2.600 луѓе, најмногу во Кина, од каде што се рашири во 29 други земји.
Бројот на потврдени случаи надмина 80.000 заразени.
Најлошата состојба во Европа е во Италија, каде има 10 жртви и повеќе од 320 заразени.

ПОВЕЌЕ ЗА ВИРУСИТЕ на пулс24 ПРОЧИТАЈТЕ ТУКА!!!

Се за КОРОНА ВИРУСОТ на пулс24 ПРОЧИТАЈТЕ ТУКА

За ВАКЦИНИТЕ на пулс24 ПОВЕЌЕ ТЕКСТОВИ ТУКА!!!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.