„Налог за апсење и награда од 100.000 долари“: Венецуела бара информации што ќе доведат до апсење на овој човек

Венецуелските власти нудат награда од 100.000 долари за информација што ќе доведе до апсење на прогонетиот опозициски лидер Едмундо Гонзалес Урутија, кој тврди дека го победил претседателот Николас Мадуро на претседателските избори во јули минатата година.Постерот ќе биде поставен на аеродромите и полициските контролни пунктови низ целата земја, изјавија за АФП извори блиски до правосудните органи на Венецуела.Прогласувањето на реизборната победа на Николас Мадуро за третиот шестгодишен мандат наиде на силно противење од опозицијата, која го смета Гонзалес Урутија за победник, со повеќе од 67 отсто од гласовите.Гонзалес Урутија и венецуелскиот опозициски лидер Марија Корина Мачадо ги повикаа своите сограѓани да протестираат бидејќи претседателот Николас Мадуро треба да положи заклетва за трет мандат на 10 јануари.Освен САД, реизборот на Мадуро не го признаваат и Европската унија и многу земји од Латинска Америка.

Пронајдете не на следниве мрежи: