Намален притисок на вода во Аеродром, делови од Гази Баба без вода

Делови од општините Гази Баба и Аеродром денес ќе останат без вода поради активности кои екипи на „Водовод и канализација“ ќе ги имаат на терен.
Поради отстранување појавен уличен дефект на водоводна мрежа со пречник од ф – 500мм на ул. Перо Наков бб, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на фирмите: Металски Завод – Тито, Тинекс Маркет, Електометал, Форма Нова, Бриколаж, Мерцедес, Фон универзитет и останатите во околината. (Општина Гази Баба )Поради менување на затворач на водоводна мрежа со пречник од ф 200мм на ул. Бул. Асном , од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, намален притисок на водата ќе имаат корисниците од објектите во околината на крстосницата помеѓу Бул. Асном и Бул. Србија. (Општина Аеродром)

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.